Добредојдовте во

Villa
View

Скролај Надолу

За Нас

Место со уникатен поглед на цело Скопје. Идеално место за промена од секојдневието на само 10км од центарот на градот. Место за да поминете прекрасни моменти во природа со вашата фамилија и пријателите, колеги, соработници.
Нудиме паркинг за 30тина возила, базен, двор со тревни површини, лулашки, двор со покриени површини, лежалки, маси, столчиња, конопои, шанк, озвучување, ладилници, скара (плинска или на ќумур - ќумурот е обезбеден од нас).
Нашиот концепт е изнајмување на објектот со сите негови удобноси. Вие си носите храна и пиење. Прибор, чинии, чаши и дополнителни кујнски реквизити може да биде обезбедено од наша страна со договор.

Afterwork Релаксација

Промена на секојдневието

  • 10 км од центарот на Скопје
  • Тивко место со прекрасен поглед
  • Идеално за тимско поврзување

Совршен простор за релаксација после работа. Поврзете сѐ со колегите во природна средина, далеку од градската бучава.

Приватни Забави

До 250 гости

  • Свадби и родендени
  • Моминско или Момачко
  • Матурски прослави

Ексклузивен амбиент за вашите специјални моменти. Капацитет до 250 гости, паркинг за 30-35 возила. Простор за бенд.

Team Building

Корпоративни настани

  • Team offsites
  • Стратешки сесии
  • Тимски активности

Инспиративна средина за градење тимски дух. Промената на сценографијата ќе донесе разновидни перспективи и креативност.

Куќен Ред

01

Безбедност и грижа за имотот

02

Внимателно однесување/Забрани

03

Одговорност на гостите

04

Видео надзор

05

Надзор од родител/старател

Безбедност и грижа за имотот

  • Грижа како дома кон вилата.
  • Да не се скока од премногу високо на глава во базенот.
  • Да не се трча на камената површина околу базенот.
  • Вашите деца да се целосно под надзор во секое време, посебно околу базенот.
  • Избегнување на кршливи предмети и стакло во близина на базенот.
  • Доколку приметите некоја нефукнционалност веднаш да пријавите на менаџментот.

Внимателно однесување/Забрани

  • Забрането е пре-изнајмување на објектот од страна на клиентот.
  • Забранета е наплата на влезница/консумација од клиентот на страни гости.
  • Забранета е продажба на храна, пијалоци и алкохол.
  • Пикавци да се гасат и фрлаат строго во пепелници.
  • Забрането пушење цигари во тоалетите.
  • Забрането гасење и фрлање пикавци во базенот.
  • Сметот да се фрла само во назначените места.
  • Сметот/ѓубрето на крај сами го собирате во ќеси (обезбедени од нас).
  • Навремено пријавување на штета и надоместување на истата.

Одговорност на гостите

  • Одговорно и со почит користење на удобностите.
  • Одговорно консумирање алкохол.
  • Придржување до договорената граница за гости.
  • Очекување за чистота и уредност.
  • Безбедно користење на скарата.
  • Правилно исчистете ја скарата по употреба.
  • Не ја оставајте скарата без надзор додека е во употреба.
  • Користете ги алатките за скара и додатоците со претпазливост за да спречите несреќи или повреди.
  • Одржување на соодветни нивоа на бучава (дополнително озвучување треба да биде претходно одобрено).
  • Користете ја опремата за звук одговорно, одржувајќи ги нивоата на бучава на внимателно ниво, особено во текот на ноќните часови.
  • Почитувајте ги локалните прописи за бучава и приватноста на соседните имоти.
  • Не ги надминувајте максималните нивоа на јачина на звук и не користете ја опремата за нарушувачки цели.
  • Усогласеност со локалните закони и прописи.
  • Усогласеност со прописите за паркирање и возила.

Видео надзор

  • Имотот е под видео надзор поради безбедносни цели.
  • Гостите треба да бидат свесни дека нивните активности може да бидат снимени за време на нивниот престој.
  • Системот за надзор се користи за да се осигура безбедноста на гостите и имотот.
  • Приватноста на гостите се почитува, а до снимката пристапува само овластен персонал за безбедносни цели.
  • Системот за видео надзор се работи во согласност со важечките закони и прописи за приватност (исто така работи само локално и пристап има менаџментот).
  • Гостите ќе бидат информирани за присуството на видео надзор на имотот.
  • Снимената снимка се користи исклучиво за безбедносни и правни цели (доколку има потреба).

Надзор од родител/старател

  • Од досегашното искуство имало ситуации кога гостите се малолетни или често прославуваат 18ти роденден кои биле проблематични.
  • На овие забави најстрого е задолжително присуство на возрасни лица (родител/старател) во текот на целата забава.
  • Доколку возрасно лице не е присутно, забавата нема да се случи.
  • Доколку возрасно лице замине во текот на забавата, истата ќе биде прекината.

Галерија

Ценовник

Цената за едно-дневно изнајмување зависи од бројот на гостите, кој ден (посакуваниот датум) и часовите на букираност.
Ве замолуваме да ги пополните овие информации подолу во формата за дополнително да добиете одговор за цената.

Контакт Форма

Пополнете ја формата. Полињата се задолжителни.

Достапно од 01 Мај до 15 Октомври

Доколку имате специјални барања, ве молиме да нѐ контактирате!

Рецензии

Погледнете што кажуваат нашите гости!

Резервирајте денес!